МЗ воведе модул за електронско пријавување на несаканите ефекти од вакцинацијата
– Министерството за здравство воведе модул преку кој електронски ќе можат да се пријават несаканите ефекти од вакцинацијата, информираше денеска Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“.
На денешниот брифинг поврзан со прашања за набавка, чување и пристап до информации за вакцините, во организација на Македонскиот институт за медиуми и УНИЦЕФ, Чаргоска истакна дека со помош на меѓународните организации во земјата е направен овој модул, а веќе е одржана и едукација за лекарите.
-Веќе можат да ги пријават ефектите од вакцината преку матичните лекари или превентините тимови на пунктовите за вакцинација. Тие го пријавуваат настанот на „Мој термин“, потоа прави опис на реакциите што ќе бидат пријавени, а пријавата стигнува до надлежните односно до епидемиолозите од центрите за јавно здравје и Агенцијата за лекови, појасни Чаргоска.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
