МЗ: ВМРО-ДПМНЕ наместо конструктивност, одбира да ја опструира работата на здравствените работници
Во време на полициски час и затворени објекти, како би спречиле вирусот Ковид-19, да се шири, ВМРО ДПМНЕ одбира да прави партиски собири и да ги крши мерките по којзнае кој пат, стои во реакцијата на Министерството за здравство.
Грижата кон граѓаните погодени од ковид кризата, посочуваат од Министерството, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ја покажа и докажа синоќа во Собранието.
-ВМРО ДПМНЕ одбира да биде на страната на манипулациите, лагата, смислени сценарија за наводни криминали провизии. Министерството за здравство жали што опозициската партија одбива да искористи ефикасен и конструктивен демократски механизам туку единствено што прави ја опструира работата на здравствените работници кои се на правата борбена линија на ковид пандемијата, се наведува во реакцијата.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор