МЗ: Вчера се аплицирани 7.720 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 274.710 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.834 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.720 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 473.853 дози вакцини, а ревакцинирани се 199.143 граѓани.
Со последните бројки 50 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
-

Претреси во Велес и велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени две лица
