МЗ: Вакцини против сезонски грип има за сите, системски се менаџираат термините за вакцинација
Вакцини против сезонски грип има за сите. Секој петок од тековната недела се отвораат термините за вакцинација за наредната недела. Годинава се набавени 40000 вакцини, што е најголем број досега.
Вакцините, како што посочуваат, се бесплатни за ризичните групи: лица постари од 65 годишна возраст, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до пет години, хронично болни лица, како и за здравствени работници во соодветни термини обезбедени за секоја категорија поединечно, со што ќе се задоволат потребите за имунизација на општото население.
– По спроведените анализи на начинот на закажување на термин за вакцинација против сезонски грип, не се утврдени недостатоци, туку станува збор за системско менаџирање на термините за вакцинација. Имено, се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба каде физичка и временска дистанца меѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор, нагласуваат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции