Македонија
19. February 2024 - 20:36

МЗ: Секоја клиника мора да има по двајца директори

Од Министерството за здравство попладнево информираа дека на 14 февруари, Бесија Иљази е назначена за организациски директор на токсикологија, затоа што секоја клиника по закон требало да има двајца директори - еден медицински и еден организациски. 

Нови директори, како што информираат од МЗ, има и на неврологија, ендокринологија, стоматологија и физикална медицина и рехабилитација.

Инаку, сите овие здравствени установи веќе една година се без организациски директор.