МЗ: Се зголемува капацитетот за прием на пациенти со Ковид-19
Министерството за здравство ја информира јавноста дека во склоп на Клиничкиот блок „Мајка Тереза„ во Скопје и во ГОБ "8 Септември" , се зголемија капацитетите за хоспитализација на пациенти со ковид. Пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети.
На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршкте интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.
Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата Св. Наум Охридски во Скопје. Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети.
Во ГОБ 8 Септември ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид пациенти. Во болницата ќе се немали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни.
Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број на болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптеретени.
Ново на Сител
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис