МЗ преку СМС пораки ќе ги повикува граѓаните на вакцинација
Над 1.500 лица за два дена се вакцинирани со прва и трета доза во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Преку СМС пораки, како што посочуваат, ги повикуваат лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку „МојТермин“.
Од Министерството апелираат граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје.
– Сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на Ковид-19. Кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес. Повеќе информации за медицинските состојби поврзани со повисок ризик за тешка форма на Ковид-19 има на линкот: http://zdravstvo.gov.mk/shto-
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“