МЗ: Обезбедени повеќе средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин

Со ребалансот на Буџетот што вчера на седница го усвои Владата, дополнително се обезбедени средства во висина од 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, а истовремено во Фондот за здравствено осигурување се алоцирани 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита, соопшти Министерството за здравство.
Владата, како што се посочува, ја усвои информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на Универзитетска клиника за кардиологија.
Исто така, се усвои и информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември“–Скопје, Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола, како и низ останатите градови во државата, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
