МЗ: Нема опасност од зараза со МРСА, во Стоматолошкиот клинички центар се преземени сите превентивни мерки
Министерството за здравство информира дека нема опасност од зараза со бактеријата МРСА, откако таа е пронајдена кај еден од вработените на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје.
– Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на бактеријата е изолиран и не доаѓа на работа. Превентивно, извршена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории, информира Министерството за здравство.
Веќе се вршат превентивни прегледи и на останатите вработени во установата.
Од Министерството за здравство нагласуваат дека нема опасност од зараза и Стоматолошкиот клинички центар непречено и континуирано обезбедува здравствени услуги за пациентите.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
-

Најмногу врнежи во Маврови Анови, на Попова Шапка 43 сантиметри снег
-

Силна бура во Газа уништи илјадници шатори на раселените семејства
-

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249
-

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница

