МЗ: Матичните за седум дена препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија
Министерството за здравство информира дека за една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија.
Во рамки на новините во примарната здравствена заштита, Министерството соопшти дека овозможи терапијата која ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари.
-Станува збор за суштинска новина со која се унапредува процесот на обезбедување здравствени услуги за пациентите и за здравствените работници. За таа цел, е донесен нов правилник, со кој се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, кои сега наместо кај лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат кај својот матичен лекар во местото на живеење, се вели во соопштението на Министерството.
Како што посочуваат, во тек се подготовките и за воведување на новите лабораториски испитувања, со кои на матичните лекари ќе им се овозможи да ја зајакнат нивната улога и во дијагностичка насока.
-Со оваа реформска мерка се зајакнува улогата и важноста на матичните лекари во здравствениот систем, а воедно се олеснува административниот товар и се намалува притисокот врз секундарното и терциерното здравство, а за тоа сведочат и бројот на пациенти и рецепти препишани кај матичен лекар за една недела, потенцираат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера