МЗ: Кривата на излекувани од Ковид-19 стрмо расте
Кривата на излекувани пациенти од Ковид-19 стрмо расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека согласно последните трендови во однос на заболените и излекуваните од коронавирус бројките се исклучително охрабрувачки.
-Денешните податоци покажуваат дека имаме само пет нови случаи од вкупно 249 тестирања што претставува стапка од 2 отсто позитивни од сите направени тестови во едно деноноќие, се вели во соопштението.
Бројот на пациенти кои имаат индикација за тест исто така значително опаѓа и со тоа опаѓа и бројот на направени тестови. Според информациите од приватните лаборатории, барањата за тестирање се исто така значително намалени. Времето на чекање за тестирање исто така е сведено на минимум, односно еден ден, додава МЗ.
Министерството информира дека продолжува активно да тестира согласно индикациите на сите пунктови и во сите лаборатории, но и будно да ја следи состојбата се до целосно спласнување на епидемијата. Досега во земјата се направени 17.246 тестови.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
-

Преглед на вестите од светот
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
