МЗ: Го мобилизираме целиот здравствен систем
Министерството за здравство соопшти дека капацитетите во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември“, преку систем на ротација се зајакнати со медицински кадар со цел подобро и побрзо справување со коронавирусот. Станува збор за 54 доктори и медицински сестри кои се прераспределени од јавно-здравствените установи ширум целата држава.
– Го мобилизираме целиот здравствен систем за побрзо да го надминеме и овој бран. Со вклучувањето на дополнителен тим значително ќе им ја олесниме работата и ќе им помогнеме на вработените во овие две установи во справувањето со овој непредвидлив вирус. Сакам да им порачам на сите, да ги слушаме нашите лекари, да се придржуваме до мерките заштита, да не се групираме, да носиме заштитна маска и често да ги миеме рацете. Mораме да бидеме свесни дека само од нас зависи. Да ги почитуваме мерките без исклучок, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Во функција е ставена и монтажната болница, каде се сместени тројца пациенти. Оваа болница е целосно опремена и има капацитет од дополнителни 72 кревети, како надополнување за Инфективната клиника, посочуваат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

Груевска Илиевска: Без ред нема судење, сите обвинети имаат право на бранители
-

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините
-

Вучиќ: Оваа година одиме на избори
-

Акциска контрола во Скопје: Констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
-

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото на обдукција
-

Наунов: Го почитуваме значењето на адвокатурата, затоа очекуваме професионалност и почит кон болката и траумата на семејствата
-

Зголемено нивото на повеќе реки
-

Стопанска комора: Блокадите на граничните премини не се решение, ќе го нарушат протокот на стоки и снабдувањето
