Македонија
4. March 2023 - 9:00

МЗ: Дистрибуирани нови количини инсулин во аптеките

Во инсулинските аптеки се дистрибуирани нови количини инсулин, а во финална фаза е јавната набавка за дополнително обезбедување инсулин, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Оттаму посочија дека пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени.