МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
Министерството за внатрешни работи од август ќе започне со примена на брзи тестови за откривање присуство на наркотични средства кај возачите за време на сообраќајните контроли.
Според информациите објавени во медиумите, полициските службеници на терен ќе можат веднаш да направат проверка кај возачи кај кои ќе има сомнеж дека управуваат под дејство на дрога. Со земање брис од плунка, резултатот ќе биде достапен за три до десет минути.
МВР веќе набавило првична количина од 10.000 тестови, кои се очекува да пристигнат во почетокот на август. Еден тест чини 218 денари, а набавката е дел од двегодишна рамковна спогодба со максимална вредност до 80.000 евра.
Тестовите, според објавените податоци, имаат точност од 99 проценти и можат да ги користат полициски службеници без посебно медицинско знаење.
Со еден примерок од плунка ќе може да се провери присуство на седум видови психоактивни супстанции, меѓу кои кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин и хероин), екстази, седативи и ТХЦ – активната состојка на марихуаната.
Со новата мерка, полицијата ќе може побрзо да утврди дали возачите се под дејство на дрога, уште на самото место на контролата, без долго чекање за првични резултати.
Ново на Сител
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
