-->
-->
МВР: Во МНТ е влезено по налог на Јавното обвинителство
-->
Во Македонскиот народен театар (МНТ) е постапувано по налог на Јавното обвинителство, изјавија за МИА од Министерството за внатрешни работи, од каде не соопштуваат повеќе детали бидејќи станува збор за претдкривична постапка.
- По налог на Јавно обвинителство, од страна на Одделот за организиран криминал е постапувано во МНТ. Бидејќи станува збор за преткривична постапка во интерес на истрагата не може да се соопштат повеќе детали, велат од МВР за МИА.
Сомневањата се дека во периодот од 2015 до 2017 година во театарот се извршени злоупотреби од страна на претходното раководство предводено од директорот Дејан Пројковски.
Од Одделот за организиран криминал постапуваат по пријава на Министерството за култура, откако сегашната в.д. директорка на МНТ Симона Угриновска побарала да се изврши ревизија на работењето на претходниот директор.
Пројковски беше директор на МНТ од 2015-2017, а претходно четири години беше уметнички директор. Сега е вработен како режисер во МНТ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори