Македонија
21. December 2022 - 16:33

МВР влезе во трага на дел од лажните дојавувачи за поставени бомби, опозицијата оценува дека власта е неспособна

Полицијата влегла во трага на дојавувачите кои испратија заканувачки пораки во Делчево и Кавадарци, но министерот Спасовски не открива дали имаат осомничени.Најавува дека истрагата ќе биде проширена, а безбедносните служби заеднички ќе ги зајакнат капацитетите за да можат да се одбранат од каков било хибриден напад

Опозицијата обвинува дека власта целосно го поразила државниот систем бидејќи како што вели Мицкоски, четири години владејачката коалиција не нашла решение за справување со хибридните закани.Решемието вели биле предвремени избори.

Во екот на се почестите дојави за поставени бомби, факултетот за безбедност и мнистерството за одбрана предлага закон за критична инфраструктура со кој ќе се овозможела рана детекција на хибридните закани.

Макеоднските власти уверуваат дека иако Македонија е цел на хибридни закани, нема загрозување на безбедноста. Речиси цела година земјите на Балканот се соочуваат со заканувачки пораки кои се испараќаат по електронски пат, но во соработка со Европол и Интерпол веќе се детектирани испраќачите. Македонија засега соопштува дали и со кои партенерски безбедносни служби има побарано помош за справување со состојбата.