МВР со осуда за оштетувањето на спомен плочата кај „Карпалак“
Министерството за внатрешни работи најостро го осудува оштетувањето на спомен плочата кај „Карпалак“, поставена во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година, се наведува во вечерашното соопштение.
Од МВР истакнуваат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за расчистување на случајот и најстрого санкционирање на сторителот.
- Денеска во 11.05 часот во СВР - Тетово е пријавено дека е оштетена спомен плочата поставена кај „Карпалак“. По расчистување на случајот, соодветно ќе ја известиме јавноста, пишува во соопштението.
Случајот го осудија и од Министерството за одбрана, од каде нагласија дека се преземаат активности за поставување нова спомен плоча, најбрзо што може.
Вчера во „Карпалак“ на патот Скопје - Тетово, беше одбележан трагичниот настан од пред 23 години, кога за време на конфликтот од 2001 година, конвој од бранителите бил нападнат од страна на терористите од т.н. ОНА. Во нападот каде биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, животот го загубиле 10 бранители, сите од Прилеп, кои со камиони се упатувале кон касарната во Тетово.
На 8 август 2001 година, на ова место биле убиени Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ергоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитовски, Горан Миноски и Пеце Секуловски.
Ново на Сител
-
РК Еурофарм Пелистер против Спортинг за први бодови во лигата на шампионите
-
Ѓоковиќ постави рекорд по процент на освоени натпревари на Мастерс турнирите
-
Недоволниот сон во бременоста влијае врз невро-развојот кај детето
-
Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски
-
Северна Кореја ќе ги прекине сите патни и железнички врски со Јужна Кореја
-
„Балансерот“ денеска на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука
-
Власта ќе ги чека изборите во Бугарија за да изнесе нови предлози како да се продолжат преговорите со ЕУ
-
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија