МВР со детали за запленетите 700 килограми кокаин во Шпанија, Стојановска била логистичка поддршка
Актерката Силвија Стојановска била само помагач на криминалната група која дистрибуирала кокаин во земјите од западна Европа.
Таа била одговорна за резервирање на хотелски претстој, но и за трансфер на 10 илјади евра.
Министерството за внатрешни работи денеска ги обелодени деталите од меѓународната акција за сузбивање на организиран шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Европа.
Уапсени се вкупно пет лица, а по две се трага.
Покрај Стојановска, во Скопје е приведен и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ. Во Мадрид е приведен и братот на Будисаљевиќ, заедно со уште двајца шпански државјани.
Сите се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици. Акција е спроведена со помош на шпанската полиција и американскиот оддел за сузбивање на шверц со дрога.
Се проценува дека вредноста на кокаинот во промет би достигнала околу 20 милиони евра.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи