Македонија
26. May 2021 - 17:20

МВР со детали за вчерашниот пожар во Чаир - повредени се две лица

Вчера во Чаир избувна голем пожар при што се опожарија повеќе дуќани. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 25.05.2021 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во дуќан на ул.„Цветан Димов“, сопственост на А.Р.(32), кој се проширил и на соседните локали, сопственост на А.Р.(33), А.Р.(47), во угостителски објект сопственост на Х.А.(47) и куќа сопственост на А.Ч.(56).

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при обид да го гаснат пожарот со повреди се здобиле А.Р. и неговиот татко С.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, увид бил извршен“, велат од МВР.