-->
-->
МВР со детали за сообраќајката пред Коњари во која загина 27-годишник
-->
Едно лице почина во сообраќајката кој се случи вчера на автопатот Скопје-Штип во близина на Коњари. Како што соопштуваат од МВР:
„На 08.05.2021 во 16.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучка Коњари, патничко возило „нисан навара“, со скопски регистарски ознаки, излетало од патот. С.О.(27) од с.Елово, починал на местото на незгодата, а С.А.(37) од с.Долно Количани се здобил по тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата