Македонија
10. July 2019 - 11:04

МВР со детали за несреќата на Галичица

Вистинска драма се одвивала вчера на Галичица, спасени двајца параглајдеристи. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 15:10 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка М.П. (30) од Украина, а по неа слетал параглајдерист А.М(41) од Украина. Лицата биле на албанска територија, на непристапен терен, но веднаш се преземени мерки за нивно спасување. По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош.