Македонија
25. July 2019 - 14:03

МВР со детали за инцидентот во кој таксист нападна жена

Повеќе домашни медиуми го објавија видеото на кое се гледа како машко лице напаѓа жена на крстосница во Скопје, по што таа паѓа на земјата.

Од МВР информираат дека пријавата, односно инцидентот бил пријавен и се случил вчера.

На 24.07. во 15.30 часот во п.с. Центар било пријавено дека на крстосницата на бул. Гоце Делчев и ул. Беласица бил нарушен јавниот ред и мир, а во нарушувањето учествувале З.П. (45) и Д.С. (30) од Скопје. Со нив бил извршен разговор и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 11 од Законот за прекршоци против јавнниот ред и мир, информираат од МВР.