МВР со детали за инцидентот со државното знаме во Куманово

На 31.03.2017 година во 15,55 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово биле забележани лица како го симнуваат државното знаме на Р.Македонија од јарболот лоциран на ул.Гоце Делчев и поставуваат знаме на Р.Албанија, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Од Министерството информираат дека при обид полициските службеници да ги легитимираат лицата, истите биле нападнати и спречени во вршење на службените дејствија при што им биле нанесени телесни повреди.
-Во дејствието две непознати лица се дале во бегство, додека Л.С.(16) и Љ.К.(21) двајцата од с.Слупчане, се приведени во полициската станица во СВР Куманово. За настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово по чие овластување од страна на увидна екипа од СВР Куманово е излезено на лице место и е извршен увид на местото на настанот, информираат од МВР.
СВР Куманово превзема мерки за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
