МВР распиша оглас за вработување 600 полицајци и 52 извршители
Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за внатрешни работи и Законот за полиција распишува јавен оглас за вработување на 652 извршители.
Имено, се работи за два огласи за вработување на 600 извршители на работно место „полицаец“ и 52 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи со високо образование со VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 240 кредити ос соодветната обалст која се бара.
Во однос на огласот за прием на полициски службеници, соопшти денеска МВР, предвидено е најголемиот дел од нив да бидат распоредени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје и тоа 435 извршители, потоа во ПСОН Битола 20 извршители, во ПСОН Ресен 5 извршители, во ПСОН Охрид 20, во ПСОН Струга 15 извршители. Во ПСОН Дебар предвидени се 15 извршители, во Тетово 5, Гостивар 5 извршители, Велес 20 извршители, во Куманово 20, во Штип 5 извршители, во Струмица 10 и во Гевгелија 25 извршители.
Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука, а по завршување на основната обука ќе склучат договори за вработување.
Кандидатите за полицајци треба да бидат државјани на Р. Македонија, да се полнолетни, а да не наполниле 25 години ако првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование, активно да го користат македонскиот јазик, со безбедносна проверка да се утврди дека не постои безбедносен ризик од нивно вработување, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Во однос на посебните услови се бара висина од најмалку 175 сантиметри за маж односно 165 сантиметри за жена и висока лична физичка подготвеност.
Постапката за селекција на кандидатите ќе ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот и се спроведува во фази. Првата фаза е административна селекција на поднесената документација, втора е проверка на моторички способности (за мажи 60 стомачни, 55 склекови, трчање на 3200м за 13,30 минути и 10 згибови на вратило и за жени 60 стомачни, 27 склекови и 3.200м за 16,30 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата), потоа следува психолошки тест (проверка на интелектуалните и емоционалните способности), пписмено тестирање, интервју и завршува со безбедносна проверка и здравствени прегледи.
При спроведување на селекцијата, се подвлекува меѓу другото во соопштението од МВР, на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.
По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец и на истата се упатуваат за 10 проценти поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас.
По завршување на основната обука, МВР со кандидатот за полицаец кој ја завршил основната обука и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување.
Во однос на вториот оглас за вработување на 52 лица во МВР, се бараат шест лица во кабинетот на министерот од кои тројца дипломирани правници и три дипломирани економисти, потоа три извршители со завршен Филолошки факултет - Катедра за англиски јазик и книжевност, насока-преведувачка во Сектор за ЕУ и меѓународна соработка. Во Секторот за односи со јавност и информации од јавен карактер двајца извршители со завршен Правен факултет – студии по новинарство или студии по односи со јавност, во Оддел за информатика и телекомуникации осум извршители, од кои 4 со завршено високо образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција и 4 извршители со завршено високо образование, Електротехнички факултет од областа на телекомуникации и електроника.
Се предвидуваат места за четири извршители и во Секторот за внатрешни работи - Скопје, од кои 2 со завршено високо образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција и по еден дипломиран правник и дипломиран економист. Во останатите Сектори се предвидени места за 7 извршители со завршено високо образование - Правен факултет и 7 извршители со завршено високо образование - Економски факултет.
На подрачјето на град Скопје, во Бирото за јавна безбедност се врши прием и на 4 извршители со завршен Факултет за безбедност - дипломирани криминалисти, потоа уште 4 извршители со завршено високо образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција во Централни полициски служби-Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика. Во Оддел за криминалистичка техника 7 извршители, од кои: 2 извршители со завршен Природно математички факултет-Институт по хемија-дипломиран инженер по хемија, 2 извршители со завршен Природно математички факултет-Институт по физика-дипломиран инженер по физика, 3 извршители со завршен Машински факултет-дипломиран машински инженер - отсек моторни возила.
Ново на Сител
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун