МВР работи на расчистување на случајот со пукањето во Палас, Спасовски бара поголема одговорност од обвинителството
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека работат на целосно расчистување на случајот со пукањето во скопскиот хотел „Александар Палас“ и оти веќе има неколку приведувања. Во изјава за медиумите, најави жестока борба против криминалните структури во Скопје, а мерките на претпазливост што беа определени за приведените во случајот со пукањето во Алаксандар Палас рече дека воопшто не се мерки.
– Ако погледнете за какви луѓе станува збор, тоа воопшто не се мерки. Кога ќе подготвите тимови и голем дел на инспектори ќе работат на расчистување на одреден случај и ќе утврдат аргументи и факти кои ќе ги достават до Јавното обвинителство и ќе ви кажат нека оди по редовна постапка, тогаш навистина се прашуваме зошто толку труд и енергија се вложува и кого тоа ние штитиме, истакна Спасовски, посочувајќи дека изминатите денови е откриена криминална група во Куманово која проневерила 12 милиони евра, а за ниту еден член на групата не е одредена мерка притвор.
Не знам зошто одредени обвинители во обвинителствата во земјава постапуваат на таков начин, праша Спасовски.
Додаде дека секое криминално дејство мора да се санкционира затоа што неказнивоста продуцира нов криминал.
– Ако еден криминалец не го санкционирате, тој има мотив тоа утре повторно да го направи. Денеска гледаме дека оние кои проневерија милиони суми, кажуваат дека не се воделе постапките како што треба, а се шетаат слободно. Треба да бидеме повеќе одговорни, одговорноста да биде на едно повисоко ниво затоа што на тоа не обврзува одговорноста кон граѓаните, порача Спасовски.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња