МВР: Првиот човек на Алфите возилото го користел за службени цели
Министерството за внатрешни работи е информирано за движењето на началникот на Единицата за прв одговор и интервенција - АЛФА, Примислав Димовски и за начинот на кој тој го користел службеното возило. Првиот човек на Алфите возилото го користел исклучиво за службени цели, а тој согласно правилникот има право истото да го користи 24 часа.
Ова се наведува во денешното соопштение на МВР, откако дел од медиумите излегоа со написи дека првиот човек на Алфите изминатиот викенд со службен автомобил „шкода“ престојувал во Охрид, каде што наводно требало да присуствува на свадба кај ќерка на негов пријател.
- Примислав Димовски - началник на Единицата за прв одговор и интервенција - АЛФА согласно Наредбата, а во врска со Правилникот за распределба, користење, одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи има право на 24 часовно користење на службеното возило, се наведува во соопштението.
МВР, се додава во соопштението, е запознаено со движењето и користењето на возилото во дадениот случај од страна на началникот и информираме дека истото е направено заради извршување на службени задачи.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа