МВР: Приведени 19 лица за време на изборниот процес

Во текот на вчерашниот ден, за време на изборниот процес, од седум до 19 часот, приведени се вкупно 19 лица, соопшти МВР.
- Десет лица се приведени по основ на фотографирање на избирачко место и тоа Д.С. на гласачко место во ОУ “Ѓорче Петров“, С.А. на гласачко место во ОУ “26 Јули“, Џ.Д. на гласачко место во ПУ “Петар Здравковски Пенко“ и Д.Д. на гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Димитров“. Две лица во Охрид - Д.Т. на гласачко место во населба Лескоец, С.А. на гласачко место во музичкото училиште, Е.А. на гласачко место во ОУ “Кемал Ататурк“ во Жупа, Ј.С. на гласачко место во училишната амбуланта во Куманово, Р.Ф. на гласачко место во СОУ “Никола Вапцаров“ во Струмица и Н.Н. на гласачко место во ОУ “Братство“ во Гостивар, се наведува во соопштението од МВР.
Оттаму посочуваат дека сите овие случаи се расчистени и против лицата ќе бидат поднесени прекршочни пријави по основ на Изборниот законик за фотографирање на избирачко ливче.
Приведени се и три лица (М.У., С.М. и Е.М.) во Битола во близина на гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Сугаре“ поради сомнение за давање поткуп при гласање.
Досега, по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир поднесени се четири прекршочни пријави за три лица, еден прекршок - “карање и викање на јавно место“ и по еден прекршок “поттикнување, предизвикување и учество во тепачка“, “оддавање на пијанство“ и „непочитување наредба“ - против лицата Г.Н., Г.Т. за настанот во Бутел и Г.Ј.С за настан на гласачко место во ОУ “Глигор Прличев“.
Од МВР истакнуваат дека по основ на Кривичниот закон, поради постоење сомнение за сторени кривични дела, поднесени се три кривични пријави и тоа за И.М. од село Седларци, тетовско, за кривично дело “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, против З.Ш од село Мирковци, скопско и против Д.М. од Кавадарци за сторено кривично дело „злоупотреба на избирачко право“.
Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за расчистување и на останатите случаи кои беа пријавени во текот на вчерашниот ден и по расчистувањето соодветно ќе ја информира јавноста.
Ново на Сител
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
