Македонија
2. December 2023 - 16:36

МВР приведе 5 лица, истрагата е во напредна фаза, шести ден се трага по 14 годишната Вања

Пет лица се приведени за исчезнувањето на 14г Вања. Истрагата е во напредна фаза но министерот Спасовски не сака да открива детали бидејќи тоа може да штети на процесот. Шести ден Вања се води како исчезната по неа трагаат полицијата, ловџии, граѓани а потерница распиша и Интерпол.

Фотографии и опис од 14 г девојче го заобиколија целиот регион. Секоја информација која може да помогне во нејзино пронаоѓање треба да се сподели со МВР. Во текот на потрагата сослушани се сите сведоци, прегледани се видеа од преку 50 камери, претреси на локации во центар,  пребарано е коритото на реката Вардар, манастири.

Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот рано наутро на пат кон училиште. 14 годишната Вања е висока 175цм, со кафеава коса, кафеави очи, бемка на десната страна на лицето, носи протези на забите, последен пат била облечена во црни пантолони со странични џебови, син блузон, црна јакна, бели патики.