МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
При акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на Македонска Каменица биле утврдени сериозни прекршувања на законските прописи, меѓу кои точење алкохол на малолетно лице, како и прекршок за присуство на малолетник во угостителски објект по 24 часот, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
- На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24,00 часот. За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека од страна на инспекциските служби се констатирани неправилности за што се изречени соодветни мерки.
Ново на Сител
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор