МВР: Помеѓу лицата кои паднаа во реката Лепенец има еден малолетник
Помеѓу лицата кои со возило со косовски регистарски таблички при вчерашната сообраќајна несреќа паднаа во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце има еден малолетник, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи
- Според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16-годишен малолетник. По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции, стои во соопштението од МВР.
Станува збор за лицата кои исчезнаа при вчерашната сообраќајна несреќа, кога возило со косовски регистарски таблички падна во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце.
По наредба на јавен обвинител возачот на другото возило е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.
Ново на Сител
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги
-
Кремљ: Колку помалку оружје за Украина – толку поблиску е крајот на војната
-
„Амазон“ го достигна милионитиот робот во своите погони
-
Автомобил се преврте во Бутел, пет лица повредени меѓу нив и двајца малолетници
-
При судар со автомобил тешко повредени 17-годишен возач на мотоцикл и неговиот 16-годишен сопатник
-
Пратеничка добила закани од лице кое било во „мерцедес“
-
Мицкоски: Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка за да знаеме како да ја развиваме државата
-
Ќерката на загинатиот скопјанец: Се зацрни уште една фамилија, дали ќе има крај на ова