-->
-->
МВР одбива да биде инволвирано во настаните од ИВЗ
-->
Во Министерството за внатрешни работи вчера стигнале две пријави од седиштето на Исламската верска заедница, едната пријава пристигнала од луѓето на Сулејман ефенди Реџепи, а другата од луѓето на Скендер Бузаку, кој синоќа и соопшти на јавноста дека од денеска ќе биде новиот поглавар на Исламската верска заедница.
Од МВР информраат дека кога полициски службеници пристигнале во седиштето на ИВЗ на Бит пазар, не констатирале нарушување на јавниот ред и мир.
„Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувањa“, соопштија од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи