Македонија
31. May 2023 - 9:46

МВР: Обука на вработените во Одделот за форензички испитувања од областа на заштита и спасување

Обука за вработените во Одделот за форензички испитувања од областа на заштита и спасување денеска, околу 12 часот, ќе биде спроведена во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување.

Од МВР известуваат дека обуката ќе опфати и практичен дел, кој ќе се реализира на паркингот зад новиот објект за форензика, а ќе опфати гасење пожар со ПП апарати.

-Ја информираме јавноста дека станува збор за обука (вежба) со цел да не се создаде вознемиреност кај граѓаните, посочуваат од МВР.