-->
-->
МВР објави меѓународна потерница по Никола Војминовски
-->
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Никола Војминовски, осуден на 13 години затвор за обид за убиство над претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
На осудениот Никола Војминовски му беше определена мерка куќен притвор до правосилност на пресудата, но не бил пронајден дома, по рутинската контрола на полицијата.
Инаку, Никола Војминовски сведочеше и за големиот случај за 27 април каде во својот исказ посочи дека слушнал како еднодневниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, со некого зборувал дека единствен излез за ситуацијата било да се отворат собраниските врати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштено во употреба реконструирано одделение на Урологија
-
Вработените во Флораком и Луна на протест поради неисплатени плати
-
За собирањето потписи не независните кандидати ќе разговараат експерти во Министерството за Правда
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба
-
Преглед на вестите од светот