Македонија
18. јуни 2016 - 16:40

МВР: Обезбедувањето постапи според планот и задачите

Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од Одделот за обезбедување во текот на вчерашниот ден постапуваа согласно планот и задачите, соопшти МВР.

-Заради оперативните сознанија кои ги имаат за потенцијални ризици службените лица легитимирале еден граѓанин кој без да се идентификува започнал да снима. Без примена на сила тие го замолиле да ги избрише снимките кои ги направил. Според нивниот исказ тоа се случило во угостителски објект (кафуле), а не во телевизија како што беше објавено во некои медиуми. Доколку има било каква преставка против нив, Одделот за внатрешна контрола ќе постапува по истата, стои во соопштението од МВР.