-->
-->
МВР: Не е најдено ништо сомнително во возилото кај Амбасадата на САД
-->
Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека синоќа од Американската амбасада во Скопје било пријавено дека има сомнително возило на паркингот на Амбасадата.
Како што информираа од МВР за МИА, нивна екипа веднаш е пратена на терен при што е направена проверка на возилото, но не е најдено ништо сомнително.
Возилото, како што велат од МВР, е земено на понатамошна проверка.
Вчера, Амбасадата на САД во Скопје објави на социјалните мрежи дека телефонските линии им се во прекин.
- Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го Оперативниот центaр на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512, наведува Амбасадата на САД во објавата на Твитер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари