МВР на Русија: Нападнат од хакери автоматскиот изборен систем

Рускиот државен автоматски изборен систем (GAS Vibori) бил нападнат од хакери, изјави денеска Александар Горовој, прв заменик министер за внатрешни работи.
– Може само да потврдам дека се случи кибер-напад. Но, имајќи предвид работење на Федералниот сервис за надгледување информациски технологии и Централната изборна комисија, спречено е нефункционирање на системот, изјави Горовој.
Претходно беше соопштено за хакирање на сајтот на Централната изборна комисија од ај-пи адреси од 15 држави.
ЦИК соопшти денеска дека излезноста на денешните претседателски избори надминала 50 отсто во 17 часот по моковско време.
Комисијата соопшти дека 51,9 отсто од речиси 111 милиони Руси кои имаат право на глас, излегле на гласање.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ги повика Русите да ги бојкотираат изборите додека неговиот помошник Иван Жганов тврди дека автобуси носат гласачи на избирачки места за да биде потврдена победата на актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
