Македонија
8. March 2019 - 17:05

МВР молчи, а Пендаровски повторно обвинува дека е следен

Молк во МВР по информациите на претседателскиот кандидат на власта дека го следат тајни служби блиски до опозицијата. Втор ден по ред Пендаровски обвинува дека е под лупа на тајните служби а доказ за тоа според него се три фотографии објавени на социјалните мрежи. Опозицијата прстот го впери во министерот Спасовски. Од таму прашуваат, има ли полицијата капацитет да ги заштити граѓаните.