МВР: Кај клучката Стајковци заглавени околу 70 возила
Поради настанатите свлечишта, кај клучката Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот полицијата констатирала дека се заглавени околу 70 возила. Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров према Стенковец.
Како што соопшти МВР, исто така, во временскиот период од 19:30 часот до 4:30 часот, поради настанати поплави во градското подрачје, блокирани за сообраќај беа бул.Киро Глигоров, бул.„Србија“, бул.Гоце Делчев (кај стоковна куќа Мост), ул.„Александар Урдаревски“, ул.„Бихаќка“, како и клучката кај хотел Континентал.
Од страна на противпожарната бригада се испумпува водата на критичните точки, а редуциран сообраќај има на дел од обиколница и во правецот од влез од населбата Ченто према село Арачиново, додека пак во централното градско подрачје сообраќајот е нормализиран.
Во текот на целокупната активност од страна на МВР – ОСПО покрај полициските службеници ангажирани се 34 дефендери, девет пинцгауер, три џип чироки, пет хермелини, три хамери, една подвижна механичарска работилница, три санитетски возила и три хелихоптери, додека пак од СВР Скопје, четири комбиња фолксваген, пет дефендери и пет јети, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово