МВР ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака за возилата
Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака „НМК“. Добитник на тендерот е компанијата КВАНТУМ од Скопје заедно со германската „ЕХА Хофман интернационал“.
За оваа цел, МВР ќе потроши 141,6 милиони денари (2,29 милиони евра) во период од три години колку што предвидува договорот за набавката.

Според договорот објавен на страницата на електронскиот систем за јавни набавки компаниите кои го добиле тендерот, за чифт регистарски таблички понудиле цена од 540 денари плус ДДВ од 97,2 денари, односно 637,2 денари.
Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на налепници и регистраски таблички со новата ознака „НМК“. Добитнк на тендерот е компанијата КВАНТУМ од Скопје заедно со ге
Првата испорака треба да почне 30 дена од потпишувањето на договорот, а набавката ќе се реализира според потребите кои ќе ги утврди МВР.

Обврската за користење на кодот НМК на регистарските таблички е од Преспанскиот договор, согласно кој рокот за замена е до февруари 2024 година. Наместо целосна замена на регистарските ознаки, со новата владина одлука, граѓаните ќе треба да добијат само лепенка со новиот код.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
