-->
-->
МВР ја потврди сообраќајката во која е повредена ќерката на Шенка Колозова и уште 5 други лица
-->
Откако „Фокус“ објави дека во скопската населба Ѓорче Петров се случила сообраќајна несреќа во која е повредена ќерката на познатата актерка Шенка Колозова и уште петмина други, за случајот се огласија и од МВР.Според информации од полицијата, во 17.30 се случила сообраќајна незгода на надвозникот во населбата Ѓорче Петров во Скопје, во која учествувале две патнички моторни возила Опел астра и Хјундаи, со скопски регистарски таблички. Возачот на Хјундаи К.К. е пренесена во ГОБ „8-ми Септември“, каде и е констатирана тешка телесна повреда. Нејзината сопатничка И.К. е пренесена во Ургентен центар. Во возилото Опел Астра се превезувале четири патници. Возачот Д.Т. е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ каде му е констатирана тешка телесна повреда. Во ГОБ „8-ми Септември“ биле однесени и сопатничките Б.Т. и М.Т. и констатирани им се телесни повреди. А.Т. е однесен во Ургентен центар.
Увидот на лице место е завршен, а сообраќајот е нормализиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
-

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок
-

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар, воздухот е опасен за дишење
-

Макрон по средбата со Рама во Елисејската палата: Ја поддржуваме Албанија на патот кон ЕУ
-

Нестабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок
-

Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во гасниот комплекс „Рас Лафан“ во Катар
-

Багаи: Принципот „обврска за обврска“ е водечки во преговорите со САД
