МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани

Диверзија со импровизирана експлозивна направа во ВИП-зоната и координиран терористички напад со заложничка криза во терминалната зграда, денеска беа дел од симулациската вежба „Сигурен хоризонт 2026 – двојна закана“, која беше реализирана на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Вежбата ја организираше Секторот за полициски работи од општа надлежност при Бирото за јавна безбедност, во соработка со ТАВ Македонија.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на настанот присуствуваа директорот на БЈБ, Александaр Јанев, заменик-генералниот директор за операции на ТАВ Македонија, Перо Лупевски, како и претставници на повеќе институции вклучени во безбедносниот систем и управувањето со кризни состојби.

Во соопштението на МВР се наведува дека симулациската вежба беше спроведена согласно Националниот план за постапување во вонредни состојби предизвикани од незаконско постапување против безбедноста на цивилното воздухопловство. Целта беше тестирање на подготвеноста и координацијата на надлежните служби при справување со сложени безбедносни закани. Сценариото вклучи активирање на кризен штаб, синхронизиран ангажман на специјалните единици, евакуација, преговори, неутрализација на сторителите, како и медицинска интервенција и стабилизација на состојбата.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александaр Јанев истакна дека ваквите вежби се од исклучително значење за безбедносниот систем.
- Целта на оваа вежба е сеопфатно тестирање на системот за одговор во услови на сложени безбедносни закани, преку симулација на реални сценарија. Преку вакви активности ја проверуваме оперативната подготвеност на полициските службеници, нивната способност за брза и ефикасна реакција, како и нивото на координација и комуникација меѓу сите инволвирани субјекти - потенцираше Јанев.
Заменик генералниот директор за операции на ТАВ Македонија, Перо Лупевски, нагласи дека безбедноста на патниците и персоналот е врвен приоритет.
- Денешната симулациска вежба на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ ја потврди високата подготвеност на безбедносните служби на ТАВ Македонија и одличната координација со Министерството за внатрешни работи.Преку вакви вежби ја зајакнуваме способноста за брза и ефикасна реакција во услови на сложени безбедносни предизвици - изјави Лупевски.

Со реализацијата на вежбата беа тестирани капацитетите за брза реакција, интер-институционалната координација и комуникација, како и способноста за ефикасно управување со кризни ситуации, со посебен акцент на заштита на патниците, персоналот и аеродромската инфраструктура.
МИА
Ново на Сител
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
-

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило
-

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
