Македонија
22. July 2016 - 16:49

МВР го промовираше новиот мобилен систем за снимање

На граничниот премин Табановце денеска беше промовиран мобилниот  систем за снимање со камери. Целта е да се подобри квалитетот на полициското работење , да се заштитат правата на граѓаните, да се спречат сите можности за корупција и непофесионално однесување на  полициските службеници , да се заштитат полициските службеници и  да се обезбеди еднаквост на сите граѓани пред законот. На промоцијата на системот присуствуваа министерот за внатрешни работи,Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски.

- Значи крајната цел,крајната интенција е постигање на две комплементарни цели, едната цел е обезбедување на безбедност на граѓаните и на заедницата во исто време и почитување на човековите права и слободи,така што во оваа прилика сакам да ја изразам благодарноста на програма ИЦИТАП од САД ,Министерството за правда, кои го помогнаа овој проектИзјави Митко Чавков, министер за внатрешни работи

Од мобилната единица за безбедност на  сообраќајот  на патиштата објаснија  дека полицискиот службеник е обврзан да го информира граѓанинот дека ќе се снима постапката,која потоа се внесува во базата на податоци на МВР која е заштитена и до која пристап имаат само одредени службеници и дека материјалот по 45 дена автоматски се брише.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски се надева дека овој проект ќе даде значаен придонес во зголемувањето на безбедноста во сообраќајот на патиштата , а со тоа и намалување на бројот на сообраќајни незгоди во текот на летото и намалување на бројката на сообраќајни незгоди.

-Во оваа прилика сакам да ги повикам граѓаните и да апелирам во текот на летниот период кога е зголемена фреквенцијата на возила на патишата да ги почитуваат сообраќајните правила и сообарќајните прописи- изјави  Стојче Стаменковски, РСБС.

Во првите шест месеци од 1026-та година , 65 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди на патишата.