Македонија
27. March 2018 - 17:32

МВР го поздрави интересот на Независниот синдикат на полицијата за колективниот договор

Министерството за внатрешни работи го поздравува интересот на Независниот полициски синдикат, во соработка со раководството на МВР, да работат заеднички во интерес на вработените во МВР.
 
Како што соопштија за МИА од МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изминатиот период имал неколку средби со претставниците на Независниот синдикат и посочија дека раководството на МВР и натаму е отворено за соработка со претставниците на независниот синдикат и на Македонскиот полициски синдикат.
  
Позитивната реакција на МВР доаѓа по денешното претставувањето на предлог новиот колективен договор на вработените во МВР од страна Независниот синдикат на полицијата, а кој вчера бил доставен до министерот Спасововски.