МВР го документирала случајот со постот на Тричковски и го информирало Обвинителството

Министерството за внатрешни работи го документирала случајот со објавата на фејсбук профилот на Б.Т. кој вчера објавил пост „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“ и за ова го информирала и Обвинителството, а од компанијата Фејсбук побарала да достави кориснички податоци за профилот за да може да се преземат соодветни мерки.
-При следење на интернет содржини со цел утврдување и документирање содржини со говор на омраза, од страна на Секторот за компјутерски криминал утврден е профил со име Б.Т., кој на 06.02.2020 во 16.05 часот го објавил следниот текст: „ Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“. Случајот е документиран и доставено е известување до Основно Јавно Обвинителство Скопје со цел нивно запознавање со предметот и воедно издавање барање адресирано до компанијата Facebook Inc да достави кориснички податоци за профилот, се вели во соопштението од МВР.
Во него се додава дека по добивање на потребните податоци ќе бидат преземени соодветните мерки и активности со цел утврдување на сторителот на кривичното дело по член 394-г – „Ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“ и член 319 – „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, предвидени во Кривичниот закон
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
