МВР апелира на гласањето утре да се почитуваат законите

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, политичките партии и нивните симпатизери, во текот на утрешниот ден да ги почитуваат законите, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и какво било нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.
- Какво било однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и веднаш ќе постапи согласно законите. МВР ќе преземе се што е потребно в недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја, стои во апелот на МВР.
Наведува и дека согласно со стандарните процедури, во Министерството е формиран и функционира посебен оперативен штаб, кој има надлежност и овластување да презема мерки и активности со кои ќе биде гарантирано и овозможено уставното право на изјаснување на секој граѓанин.
Ново на Сител
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
