Музиката ги спои младите од различни етникуми во Струга

Преку музика, песна и игра младите во Струга од сите етнички заедници докажаа дека нема етнички бариери меѓу учениците на културно-забавниот настан „Заедно за Струга – со музика, песни и игри“ што синоќа се одржа во Струга во организација на Локалната агенција за развој и граѓанската организација „Креативни и активни“.
Настанот е дел од проектот „Декада на припадност - Славење на различностите“, чија цел, според координаторот Катерина Василевска, е да им овозможи на луѓето од југозападниот регион да ги ценат различностите.
- Целта е да ги собереме луѓето на едно место за различни активности, да прават заеднички работи во кои ќе уживаат и ќе се создаде една позитивна енергија во југозападниот регион. Градот располага со многу што може да се прикаже во јавноста и се надеваме дека училиштата ќе продолжат и во иднина да организираат вакви настани, рече Василевска.
Ардита Истрефи-Илијази од здружението „Креативни и активни“ посочи дека целта е да се поттикне меѓуетничкиот соживот во југозападниот дел од Македонија.
- Најдовме солидна соработка меѓу етничките групи и таа соработка се зајакнува. Децата и родителите да се вклучуваат во вакви настани, бидејќи музиката и другите настани не се бариера за соживот во овој регион, порача Истрефи-Илијази.
Во рамките на проектот формиран е мултиетнички хор, кој ги обединува средношколците од различни етнички групи.
- Во хорот пеат ученици од македонска и албанска припадност. Настапивме со три точки, односно по една македонска, албанска и англиска песна, информира Алтин Зиба, раководител на музичката паралелка во Струга.
За професорот по музичко во Основното училиште „Јосип Броз Тито“, Климент Јанкоски ваквите настани треба да станат пракса, бидејќи се дружат учениците од различни етникуми во градот и околината.
- Првпат имавме можност да настапиме со други училишта и да се претставиме како и колку работиме на поле на музиката. Одата на радоста ја избравме, бидејќи во еден дел таа не поврзува сите, сепак Македонија е мултиетничко општество, истакна Јанкоски.
Проектот „Декада на припадност – Славење на различностите ќе се реалиира во наредните три години со финансиска поддршка од Европската унија.
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
