Живот
15. September 2015 - 11:09

Музика со која ќе работите подобро и побрзо

Музиката на работа понекогаш може да смета на колегите, но ако има слушалки, може да се реши проблемот и да станете побрзи и поефикасни во работата.

Во едно интересно истражување испитаниците пет дена по рад добивале серија различни задачи кои морале да ги извршат, од проверка на граматика и математички проблеми до внесување податоци и комплицирани анализи.

Се покажа дека дури 88 отсто од испитаниците работеле поточно, повнимателно и поефикасно со музичка подлога, а 81 отсто од испитаниците работеле и побрзо.

Препораката од експертите е едноставна - следниот пат кога одите на работа слободно уживајте во вашата омилена музика, а еве која музика би требало да ја слушате според работата која ја работите:

Внесување податоци - поп музика

Работа со бројки - амбиентална музика за работа со броеви

Решавање на проблеми - денс музика

Работа со многу детали - класична музика