-->
-->
Музичко-поетска манифестација во Куманово по повод 8 Март
-->

Здружението на пензионери од Куманово вечер, во пресрет на празникот на жената, 8-ми Март, традиционално, 11. пат, организира музичко-поетска манифестација.
Настанот е предвиден за 19 часот, во новата сала на Занаетчискиот дом.
- Манифестацијата е во организација на комисијата за културно-уметнички самодејности која дејствува во рамки на Здружението, а од оваа година настапува со богата програма. Темата на која твореа нашите членови е „Моја младост – мој живот. Програмата ќе ја збогатиме со нашите солисти, дуети, како и хорот, изјави Славица Ламбаша од Комисијата за културно-уметнички самодејностви.
Комисијата претходно оствари проект и со невладините организации во градот, а богата програма имаат и за периодот кој следува.
- Оваа година ќе имаме традиционални два целовечерни концерта, каде ќе бидат застапени сите наши активности од културно-уметничкиот живот, поточно од културно-уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“, фолклорната секција, драмската секција со која што сме единствени во Република Македонија. За оваа година исто така се подготвуваме за сите наши настапи, со нови песни и содржини. На меѓународен план имаме соработка со фолклорни ансамбли во соседна Република Србија, така да ќе гостуваме кај Здружението на пензионерите во Крагуевац. Една значајна манифестација каде што ние сме домаќини е хорската средба на пензионери, под наслов „Распеани пензионери“, информира Ламбаша.
Во наредните неколку месеци најавуваат и повеќе настапи низ државата и на меѓународен план.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
