Македонија
7. October 2020 - 19:52

Музичарите и угостителите на протест пред Влада

Музичарите и угостителите в петок на средба со премиерот Заев. Само што почна протестниот концерт пред Владата, на кој револтирани, организаторите најавија и нов помасовен протест за в понеделник, стигна и поканата за разговор во Владата.

Естрадните уметници, рестораните организатори на свадби, другите вклучени во сведбаниот бизнис, ноќните клубови бараат протоколи за полека, после седум месеци забрана, да почнат да се отвораат и да работат.

Ноќните клубови бараат и државна неповратна поддршка затоа што не се вклучени во псоледниот пакет мерки, плаќаат лиценци кои чинат и по седум илјади евра, а половина година не заработиле ништо.

Рестораните за свадби се вклучени во последниот пакет мерки, но велат дека таа помош е мала. Бараат протоколи како во соседните земји за да работат.

Во повеќето земји се заоструваат мерките пред есенскиот корона бран. Во Белград од вечерва угостителите ќе работат до 23 часот, а регсистрирани се 66 случаи на Ковид. В Белгија веќе не се служи алкохол, во Ирска се затвораат пабовите.