Бизнис
31. January 2021 - 16:42

Музичарите бараат помош од Владата

И музичарите бараат да продолжи исплатата на плата како досега. Тие не работат близу цела година, од март лани. Во целиот овој период два пати им беа исплатени по две минимални бруто плати. Првиот пат за април и мај и уште една на крајот на годината. Сега бараат овие исплати да продолжат.

Исплата на плата бараат и туристичките работници. Обемот на работа кај нив во моментов изнесува 2% споредено со нормални услови. Затоа сметаат дека поддршката за зачување на работните места безусловно треба да продолжи и да важи и за јануарската плата.

Владата наместо исплата на плата, во петтиот пакет мерки најверојатно ќе понуди бескаматни кредити. Фирмите кои ќе земат ваков кредит, ако годината ја завршат во позитива и без отпуштени работници, освен што нема да платат камата ќе добијат отпис и на 30% од главниот долг. Ова се прави затоа што не може да се примени досегашната формула според која минимална плата добиваа оние кои имаат пад на приходите од најмалку 30% споредено со истиот месец лани. Работодавачите пак велат дека исплатата треба да продлжи со споредба на приходите со 2019 наместо со 2020 година.

Исплатата на плата за зачувување на работните места беше оценета како најдобра мерка од сите пакети кои во 2020 ги понуди Владата. Преку неа, плата добиваа над 60.000 работници.